Надал се пријави за турнирот на кој држи два рекорди

Рафаел Надал одлучи да учествува на АТП 500 турнирот во Барселона, каде што ќе го направи својот камбек на терените откако се откажа од настапот во Мајами. Турнирот кој се одржува од 17 до 25 април ќе биде прв за Надал по неуспехот на ОП на Австралија на стартот од оваа сезона.

Моментално третиот најдобар рекет во светот се враќа на добро познато место, ако се знае дека е апсолутен рекордер со 11 титули во Барселона. Надал на овој турнир држи рекордна серија од 42 последователни победи, кои ги оствари за осум години во периодот од 2005 до 2013 година.

Настапот во Барселона ќе биде еден од загревачките турнири на Надал во подготовките за Ролан Гарос, каде што ќе ја брани титулата. Планира да ги одигра сите претстојни турнири на омилената подлога – земја, во Монте Карло, Барселона, Мадрид и Рим.

- Оглас -

Најнови вести