Надал сепак не е семоќен, се откажа поради повреда, Кирјос ќе игра финале на Вимблдон

Рафаел Надал го предаде полуфиналниот меч на Вимблдон против Ник Кирјос поради повреда и утре едното полуфинале нема да се игра, па Австралиецот без борба си обезбеди прв настап во финалињата на гренслем-турнирите.

Шпанецот сепак не е семоќен, иако со натчовечки напори го елиминира Тејлор Фриц во четвртфиналето по маратонска борба со 3:2 во сетови.

Повредата на стомачен мускул не му дозволи да продолжи на Вимблдон, па Кирјос ќе чека противник во финалето од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори што ќе се игра утре.

- Оглас -

Најнови вести