Надал шокира, се откажа од Вимблдон и од Олимписките игри

Рафаел Надал одлучи да не настапи на Вимблдон и на Олимписките игри летово поради тоа што се чувствува заморен од напорниот период во кој два месеци се играше на земјена подлога.

Шпанскиот тенисер по поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос, вели дека му е потребно време да се рехабилитира.

„Здраво на сите. Одлучив да не учествувам во овогодишните изданија на Вимблдон и Олимписките игри во Токио. Ова не беше лесна одлука, но по разговорот со мојот тим, сметам дека е вистинска одлука да си го слушам моето тело. Има само две недели време помеѓу двата гренслема, што не е во полза за мене и моето тело не може толку брзо да закрепне. Мојата цел е да си ја пролонгирам кариерата што е можно подолго, а по два месеци играње на земјена подлога, знам дека доста се потрошив“, се огласи Надал преку својот твитер-профил.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња со 20 гренслем-титули, првпат од 2016 година нема да се појави на треват во Лондон, додека во три настапи на ОИ има освоено едно злато, во 2008 година во Пекинг.

- Оглас -

Најнови вести