Надал со жесток напад на Ѓоковиќ: Ако беа сите како Новак, ќе имаше 10 пати повеќе мртви!

Новак Ѓоковиќ поради тоа што не сакаше да се вакцинира против корона-вирусот, во изминативе две години пропушти повеќе Мастерс турнири, како и неколку гренслема. Сепак, Србинот остана доследен на тоа да не се вакцинира, а полека се намалуваат и речиси целосно исчезнуваат рестрикциите за оние кои не се вакцинираа.

Во целиот овој период, Ѓоковиќ постојано беше на удар поради неговиот став да не се вакцинира, а интересно е дека еден од најжестоките напади дојде деновиве, и тоа од страна на Тони Надал. Тоа е тренерот на Рафаел Надал, кој воедно е и чичко на шпансииот тенисер.

„Да се случеше тоа што Ѓоковиќ го направи со вакцините, можеше да има 10 пати повеќе мртви“, гласи насловот на интервјуто што Тони Надал го даде за шпански „Ел Еспањол“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EL ESPAÑOL (@elespanol2015)

Чичкото на Рафа реши во интервјуто да се врати неколку години наназад и повторно да го актуелизира фактот дека Ѓоковиќ не сакал да се вакцинира против Коронавирусот.

„Однесувањето на Новак на теренот знае да биде проблематично и затоа никогаш нема да го сакаат како Рафа или Роџер Федерер“, велеше чичкото Тони, кој сепак знаел да даде и пофални зборови за српскиот тенисер.

Ѓоковиќ и Надал се корекордери по бројот на освоени Гренд слем титули. Двајцата имаат по 23 трофеи, но Србинот поради тоа што не беше вакциниран, минатата година не доби дозвола да учествува на Австралија Опен и САД Опен.

- Оглас -

Најнови вести