Надал тргна речиси беспрекорно во одбрана на титулата на Ролан Гарос

Рафаел Надал стартуваше со очекувана победа од 3-0 (6-4, 6-4, 6-2) над Егор Герасимов, во одбрана на тронот на Ролан Гарос. Вториот светски рекет за два часа го реши непознатиот противник и оствари речиси беспрекорна победа за пласман во следната рунда.

Герасимов успеа да му направи Брејк на фаворизираниот Надал дури во третиот сет, што го натера Шпанецот да ја доврши работата и да ја искористи првата меч-топка.

Надал најавува атак на 13-та титула на француското Отворено првенство и воедно ја брани титулата која ја освои лани.

- Оглас -

Најнови вести