Надал загуби на првиот меч после камбекот, но не ја симнуваше насмевката од лицето

Рафаел Надал во тандем со Марк Лопес, беа поразени во игра на двојки на стартот на турнирот во Бризбејн. За легендата Надал, ова беше прв официјален натпревар по пауза од 11 месеци.

Шпанците загубија од Австралијците Пурсел и Томпсон со 4-6, 4-6. И покрај поразот, Надал беше насмеан и позитивно расположен, бидејќи ја оствари целта да се врати на тениските терени после повредата која долго време го оддалечи.

Следен предизвик за Надал е настапот во сингл. Ждрепката за турнирот во Бризбејн сакаше ривал на Надал во првото коло во поединечна конкуренција да биде Доминик Тим.

- Оглас -

Најнови вести