Одлуката на Оле Гунар Солскјер комплетно да се повлече и да го брани резултатот беше тотално погрешна одлука, што го чинеше шокантен пораз од 2-1 на гостувањето кај Јанг бојс. Швајцарскиот шампион приреди вистинска сензација буквално во последните моменти од натпреварот, со што се оправда храбриот потег да се нападнат Црвените ѓаволи, кои речиси цело второ полувреме играа со 10-мина фудбалери.
Гигантот од Манчестер едноставно не се обиде да се закани кон противничкиот гол, односно не упати ниту еден удар повеќе од 75 минути, особено откако Роналдо го напушти теренот. Токму неговата замена, Џеси Лингард, направи кардинална грешка и практично му подари гол на Сиебачу во 95-тата и последна минута. Домаќините претходно упатија дури 10 шута кон Де Хеа, а од нив беа само два успешни, сосема доволни за пресврт.
2 – Manchester United managed just two shots in this match, the fewest Opta have on record in any of their 138 UEFA Champions League matches since 2003-04. Their second and final shot of the match came in the 25th minute from Cristiano Ronaldo. Stalled. pic.twitter.com/tDuX3CSn87
— OptaJoe (@OptaJoe) September 14, 2021
Само напади на Манчестер завршија со шут кон голот на Вон Балмонс, што е најлош учинок во последните 138 натпревари во Лигата на шампионите, односно од сезоната 2003/04.
Јунајтед инаку си ги намали шансите да стигне до европскиот трофеј, иако ова беше прв дуел во групната фаза. Историјата вели дека тим кој загубил во првиот меч од сезоната, никогаш не стигнал да го освои трофејот од најелитното клупско натпреварување.