Нагелсман го прекши правилото: Фудбалерот го заслужи тоа

Екипата на Баерн Минхен вчеравечер оствари убедлива победа на гостувањето кај Штутгарт со 5:0.

Херој на Баварците беше Серж Гнабри, кој постигна три, а асистираше на двата гола на Левандовски.

Тренерот на овој тим, Јулијан Нагелсман, пред почетокот на сезоната постави правило дека нема да биде фален никој од фудбалерите.

„Поставив правило дека нема никого да го фалам од фудбалерите во соблекувалната, ама тоа сега го прекршив.

Гнабри го заслужи тоа и одигра навистина фантастичен меч. Знаеме дека е добар фудбалер кој се бори на секоја минута на теренот“, изјави младиот стратег на Баерн.

Првакот сега има 40 бода во Бундеслигата по 16 одиграни кола и е на добар пат да ја одбрани титулата.

- Оглас -

Најнови вести