Нагелсман ја менува формацијата на Баерн, Левандовски ќе добие нова задача

Баерн Минхен во новата сезона ќе започне со нов тренер. Јулијан Нагелсман го наследи Ханси Флик кој ја превзема селекторската функција во германската репрезентација. Нагелсман е еден од најдобрите млади тренери кои досега со успех ги предводеше екипите на Хофенхајм и Лајпциг, па логично беше неговото доаѓање во Баерн.

Во подготвителниот период на Баерн не му оди најдобри затоа што не победи ниту еднаш во четири средби, но вистинската сила на баварскиот гигант треба да ја видиме на стартот од новата сезона во Бундеслигата, следниот викенд.

Нагелсман планира да ја смени тактиката, па германскиот првак да игра во формација 4-3-3, а не како што беше досега, кога Левандовски беше сам истурен во нападот. За разлика од формацијата на Флик, во новиот Баерн нема да има двајца централни средишни играчи за врска, туку само еден. Крилата ќе бидат форсирани во нападот, па дури може да бидат и понапред од самиот Левандовски.

Во првото коло од Бундеслигата, Баерн ќе гостува кај Борусија Менхенгладбах, а најавено е дека стартната постава може да изгледа вака:

 

- Оглас -

Најнови вести