Нагелсман му ги одреди границите на 17-годишниот бисер: Првата сезона доста му се 10 гола, потоа може да дава и по 40

Баерн и Јулијан Нагелсман очекуваат многу од новото засилување, Матис Тел, тинејџер кој има само 17 години и пристигна во Минхен од редовите на Рен за сума од околу 28.5 милиони евра со вклучени бонуси.

Тел е напаѓач и беше најмладиот дебитант во клупската историја на Рен, кога против Брест лани играше на 16-годишна возраст.

Баерн долго го следеше напаѓачот потпиша договор со него до 2027 година и верува дека ќе се развие во расен стрелец и одличен фудбалер.

„Со правилен развој очекувам во иднина Тел да дава и по 40 голови. Има се што е потребно да биде врвен фудбале и стрелец. Еве за почеток нека даде 10 гола и тоа ќе биде доволно“, вели Нагелсман.

Тел ќе добива шанса во Баерн, особено по заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона, но сепак ќе има голема конкуренција во врвен клуб каков што е најтрофејниот во Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести