Нагелсман: Сигурен сум дека Барселона добро ќе се претстави во Лига Европа!

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, изјави дека Барселона има добри шанси да ја освои Лига Европа.

За Каталонците кои летово потрошија многу пари и најавуваа амбиции да се борат дури и за титула во Лигата на шампионите, преселбата во ЛЕ е своевиден срам, но тоа е реалноста, не успеваа да ги победат Баерн и Интер, со што покажаа дека не се тим од европската елита.

„Барселона има добар тим со светла иднина. Тие и сега се одличен тим. Сигурен сум дека добро ќе се претстават во Лига Европа“ – рече Нагелсман, чиј тим во средата како гостин ја надигра Барса со 3-0.

- Оглас -

Најнови вести