Наградите за најдобар стрелец и асистент во Ла Лига се утеха за Меси (видео)

Барселона со убедливи 5-0 на гостувањето кај Алавес ја завршува сезоната во Ла Лига, меч во кој Лионел Меси ги потврди одличјата за најдобар стрелец и асистент во првенството.

Аргентинецот заби два погодоци, додека намести еден со кој постави нов рекорд во шпанскиот шампионат. Меси со проигрувањето до Фати стигна до 21 асистенција во Ла Лига, додека со двата гола стигна до котата од 25, четири повеќе од второпласираниот Карим Бензема.

Во победата погодуваа уште Суарес во првиот дел, и Семедо во 57-та минута.

https://streamable.com/v9a8iv

https://streamable.com/qrdyls

- Оглас -

Најнови вести