Најавен старт за ново првенство во една европска земја

Фудбалското првенство на Финска вообичаено започнува во март и трае до октомври. Оваа година стартот на првенството беше одложен поради пандемијата со корона-вирусот, но по два месеци чекање, конечно стигнаа добри вести. Одлучено е ова првенство да започне на 1 јули и да трае до 21 ноември.

„Мерките на рестрикција се намалени и екипите ќе може да започнат со тренинзи на почетокот на јуни. Сезоната ќе започне на 1 јули. Во константни комуникации сме со властите. Секако дека внимаваме на здравјето на фудбалерите“, изјави шефот на лигата во Финска, Тимо Марјама.

Првенството ќе биде како и лани. Ќе се играат 22 кола, а потоа лигата ќе биде поделена на лига за првак и лига за опстанок, кога ќе се играат уште по пет кола.

 

- Оглас -

Најнови вести