Најавена е размена на релација Неапол – Рим

Наполи и Рома се блиску да остварат размена на двајца играчи. Рома го понуди крилниот офанзивец Џенгиз Ундер и плус 15 милиони евра за услугите на полскиот напаѓач Аркадјуш Милик.

На Наполитанците оваа понуда им се чини прифатлива со оглед на тоа дека Ундер би претставувал замена за Хосе Кајлехон, кому му заврши соработката со клубот од „Сан Паоло“. Воедно Гатузо ќе се ослободи од Милик, кој притискаше да го напушти Наполи, па преостанатите средства ќе ги искористи да купува нов голтетер.

Што се однесува за Милик, тој веројатно ќе биде наследникот на Един Џеко во нападот на Римската волчица, додека Босанецот наскоро ќе ја одбере следната дестинација по бројните понуди, пред сè од Интер и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести