Најуспешниот азиски снукер играч на сите времиња, Динг Јунхуи, е елиминиран од Мастерс турнирот во Саудиска Арабија по една неверојатна ситуација на која никако не можеше тој да влијае.
Динг на овој турнир дојде како осми носител, а синоќа беше елиминиран од Стујард Бингам со 5:4 во фремови. Клучниот момент на мечот се случи во последниот, решавачки фрем. Динг беше на масата и водеше со 32:0, имајќи ја контролата на играта.
Сепак, во еден момент кога ја удри белата топка, судијата веднаш досуди фаул и му го одзеде правото да продолжи да игра. Причина за фаулот е тоа што во моментот кога ја удри белата топка, дел од врвот на неговиот стап испадна и удри во една црвена топка.
Според правилата, ниту една друга топка не смее да биде допрена со стапот или дел од стапот освен белата. Токму затоа на Динг му беше одземено правото да продолжи да игра. Тоа го искористи Стујард, кој потоа искусно го доврши фремот и стигна до посакуваниот петти решавачки поен.
„Не знам дали видовте што ми се случи. Никогаш претходно немало такво нешто“, коментираше победникот Бингам, кој овојпат имаше многу среќа.
𝐖𝐨𝐮𝐥𝐝 𝐲𝐨𝐮 𝐛𝐞𝐥𝐢𝐞𝐯𝐞 𝐢𝐭?! 😨
Ding Junhui’s tip flies off during the deciding frame, forcing a foul to be a called 😭#BattleOnTheBaize pic.twitter.com/sRDyKUGfJf
— Live Snooker (@Livesnooker) September 3, 2024