Најбизарна причина зошто не работел ВАР-системот

Без помошта од ВАР-системот се одигра дербито во Саудиска Арабија меѓу Ал-Фатех и Ал-Наср, а на крајот се радуваа гостите на победа од 1:0. Иако во ова провенство постои користење на ВАР-системот, големото дерби остана без помош од технологијата, и тоа поради еден идиотски потег.

Еден од домарите на стадионот решил да си ја наполни батеријата на својот мобилен телефон и решил да тргне еден кабел од зафатениот штекер. Токму тој кабел бил главниот за проток на струја до системот за ВАР кој требало да го користи судијата.

За среќа, главниот судија, Романецот Овидиу Хатеган, успеал без поголеми проблеми да го приведе мечот до крајот и немало ситуација за која би морало да се консултира со ВАР-системот, кој и онака не работел.

- Оглас -

Најнови вести