Најбизарниот гол сезонава во Серија А е дело на Лукаку (Видео)

Интер со 3:1 победи на гости кај Кајлари, иако домаќините први постигнаа гол. Рикардо Сотил погоди за радост на Калјари во 42-рата минута. Предноста на домаќините беше сè до 15-тина минути пред крајот, кога Интер даде три гола.

Откако Николо Барела и Данило Д`Амброзио погодија за пресврт, домашните фудбалери тргнаа со сите сили да израмнат. Во судиското надополнување, во напад тргна и голманот на Калјари, Алесио Крањо, и голот на домашните остана празен.

Откако Интер се одбрани, топката стигна до Ромелу Лукаку, белгискиот репрезентативец тргна во напад и немаше одбрана. Претрча 70-тина метри, го претрча и Крањо, и на крајот буквално со топката можеше да влезе во мрежата.

 

- Оглас -

Најнови вести