Најбизарното исклучување во НБА – Ајзеа играше само 88 секунди (Видео)

Ајзеа Томас играше само 88 секунди за Вашингтон против Портланд и заработи автоматско исклучување, откако го турна судијата.

Ова е едно од најбизарните исклучувања во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот, а триото арбитри не се предомислија и по прегледувањето на спорниот момент.

Во извештајот по натпреварот судиите наведоа и причина „нефер потег кон судијата“ како образложение за одлуката да го исклучат најнискиот играч во НБА лигата.

Томас веќе паузираше на два меча сезонава поради претходен инцидент на дуелот со Филаделфија 76, кога исто така беше исклучен. Тогаш се качи на една од трибините и влета во расправија со двајца навивачи на 76-те.

Иако немаше физички контакт, сепак Ајзеа беше казнет со два меча суспензија, а двајцата фанови на Филаделфија кои го навредуваа добија забрана за влез во салата на 76-те до крајот на оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести