Најбогата тенисерка ја елиминира најдобрата на светот

Првата тенисерка на ВТА ранг-листата, Ига Швјонтек е елиминирана во полуфиналето на турнирот од серијата Мастерс 1000 кој се игра во Монтреал.

Швјонтек е елиминирана од најбогата тенисерка на светот, Џесика Пегула, со 6:2,6:7,6:4.

Пегула чие богатство на нејзиниот татко, Тери Пегула, се проценува на 10 милијарди долари, убедливо го освои првиот сет правејќи два брејка, во петтиот и седмиот гем, што беше доволно за 6:2.

Во вториот сет, двете тенисерки направија по два брејка, по што мораше да се игра тај-брејк. Во него, Швјонтек, при резултат 2:4 за Пегула, освои пет поени по ред и успеа да израмни на 1:1 во сетови.

Ига подобро го започна одлучувачкиот трет сет, направи брејк на стартот, но Американката возврати во четвртиот гем. Швјонтек направи уште еден брехк и поведе со 4:2 во гемови, но потоа запре ѝ и дозволи на Пегула да освои четири гема по ред и да слави со 6:4, што воедно значеше и пласман во финалето.

Американката во финалето ќе игра против подобрата од второто полуфинале во кое се среќаваат Елина Рибакина и Људмила Самсонова.

- Оглас -

Најнови вести