Најбогатиот Британец е навивач на Манчестер јунајтед, самиот се исклучи од трката да го купи Ливерпул

Сер Џим Ратклиф е еден од најбогатите Британци и голем навивач на Манчестер јунајтед, па самиот се исклучи од трката да го купи големиот ривал на Црвените ѓаволи, Ливерпул.

Објавено беше дека Ливерпул ќе оди на продажба, што веднаш ги запали страстите на Островот, а веднаш меѓу кандидатите беше споменат Ратклиф.

Тој претходно не успеа да му парира на Тод Боели кога Челзи се продаваше и кога заврши ерата на Роман Абрамович, а постојано кога ќе се спомене и заминување на семејството Глејзер од Манчестер јунајтед, тука е Ратклиф.

Сепак, сигурно е дека милијардерот и прв човек на „Инеос“ нема да го купи Ливерпул, а вели дека сите сили и инвестиции што му се планирани во фудбалот ќе ги насочи во Ница.

Ратклиф го купи францускиот прволигаш во 2019 година за 100 милиони евра и сака да го вивне во врвот и да им парира на гигантите ПСЖ и Марсеј.

Вчера како бомба одекна информацијата дека еден од најтрофејните англиски и европски клубови, Ливерпул, наскоро може да добие нови сопственици.

Веста ја објави „Фенвеј спортс груп“ (ФСГ), групација која моментно е сопственик на Црвените од „Енфилд роуд“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести