Најбогатиот Британец ја подготви понудата за купување на Манчестер јунајтед

Сопствениците на Манчестер јунајтед, американското семејство Глејзер, очекува идната недела да почнат да пристигнуваат понудите за купување на Црвените ѓаволи, а англиските медиуми пишуваат дека прва ќе биде таа на најбогатиот човек во Обединетото Кралство, сер Џим Ретклиф.

Ретклиф, кој е сопственик на хемискиот гигант „Инеос“, тежи 16,7 милијарди евра, но медиумите не сакаат да шпекулираат со сумата која би ја понудил.

Моментната пазарна вредност на Манчестер јунајтед изнесува 4,18 милијарди евра.
Семејството Глејзер, според медиумите во Англија, не е подготвено да го продаде Манчестер јунајтед за помалку од 6,7 милијарди евра.

Освен Ретклиф, интерес за купување на Јунајтед има и од САД, Катар и Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести