Најбогатиот фудбалер во светот доби отказ без да одигра ниту еден меч

Фаик Болкијах е фудбалер за кого се слушна не поради неговите играчки квалитети, туку поради богатството кое го има. Фаик е син на принцот од Брунеи и неговото богатство се проценува на околу 20 милијарди евра. Тој е дел од семејството на Султанот на Брунеи, една од најбогатите фамилии во светот.

Иако воопшто ништо не треба да работи до крајот на животот, а може да живее луксузно, Фаик се обидува да го најде своето место на фудбалското небо, но засега тоа е неуспешно.

„Брз играч сум, кој сака да ја креира играта на теренот. Играм на крилната позиција и како офанзивен играч за врска. Сакам директна игра и постигнување голови“, неодамна изјави Фаик, кој е и репрезентативец на Брунеи.

Фаик во младинските категории беше дел од школите и младинските екипи на англиските Саутхемптон, Челзи и Лестер. Откако во Лестер не доби место во првиот тим, реши да замине во Португалија и потпиша за екипата на Маритимо.

Само по неколку месеци во Маритимо, Фаик повторно не се докажа и беше префрлен во Б тимот. Таму одигра неколку мечеви, но не се покажа и по взаемен договор, Маритимо му го раскина договорот на милијардерот.

Иако на теренот го нема и фудбалот веројатно ќе му остане само пуста желба, Фаик е познат по раскошниот живот, а во еден месец успеал да потроши 35 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести