Најбогатиот клуб на светот ќе ја спасува кариерата на Обамејанг

Пјер Ерик Обамејанг и дефинитивно е отпишан од страна на Арсенал, по неодамнешните испади.

Напаѓачот на Топчиите пред неколку недели не ја почитуваше наредбата на Артета откако не му беше дозволено да патува, а тој го стори токму спротивното.

Од тогаш, популарниот Ауба ја загуби капитенската трака и е целосно избришан од првиот тим.

Сепак за напаѓачот има интерес и тоа сериозен од најбогатиот клуб на светот, Њукасл кој се обидува да доведе проверен голгетер во своите редови.

Свраките се подготвени да го доведат Ауба на позајмица до крајот на годината, а потоа и бараат право на откуп во вредност од 20 милиони евра.

Њукасл очајно тражи да го засили својот тим бидејќи се наоѓа во опасната зона, додека новите сопственици од Саудиска Арабија најавија поход на трофеи во Англија и Европа.

- Оглас -

Најнови вести