Најбогатиот клуб во светот го посакува Џеко

Един Џеко има фантастична сезона во Интер и се покажа како одлична замена за Ромелу Лукаку.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина во досегашниот тек од сезоната во Серија А има осум погодоци а во Лигата на шампионите три пати стрелаше прецизно.

Сето тоа беше доволно за да привлече интерес кај најбогатиот клуб во светот, Њукасл кој што очајно бара голгетер во своите редови.

Премиерлигашот е подготвен да му исплати 30 милиони евра на Интер, но, раководството на овој тим не сака да го продаде еден од најдобрите играчи и тоа сред сезона.

Џеко дојде во Интер бесплатно откако му беше раскинат договорот со Рома, додека ова би му било втор клуб во Англија, откако претходно настапуваше во Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести