Најчудната повреда ги уплаши сите – Петрета имаше среќа, стабилен е и избегна парализа (Видео)

Левиот бек на Базел, Раул Петрета за среќа ќе го избегне најлошото, да остане парализиран, по една од најчудните повреди во фудбалот, вчера на дуелот со Сент Гален.

Во финишот на првото полувреме Петрета ја удри топката со глава без дуел со противнички играч и заработи потрес на мозокот. Поточно има повреда на горниот дел од рбетниот мозок, па имаше ризик да остане и парализиран.

https://twitter.com/FootballSwissEN/status/1340424253641011202?s=20

Раул ќе мора да оди и на дополнителни прегледи, но засега ситуацијата му е стабилна.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести