Најчудниот пенал во историјата на фудбалот, што ли мислеше голманот со потегот? (Видео)

Неверојатни сцени беа видени на фудбалски натпревар во Етиопија, никој не може да разбере што се обиде да направи голманот и што му било во главата кога направи ваков пенал.

Зошто воопшто мислел дека е нормално да направи салто напред во шеснаесетникот со противнички играч пред него?

Тешко е да се пронајдат вистинските зборови за да се објасни потегот на голманот. Тој ја фати топката, имаше време да го започне нападот на својот тим, но наместо тоа, од непознати причини, одлучи дека би било добра идеја да направи превртување напред. Удри играч на противничкиот тим кој падна, а судијата покажа на пеналот без многу двоумење.

Сите беа во шок, но тоа не беше крајот. Пеналот беше слабо изведен, топката заврши покрај стативата, па голманот остана неказнет за глупаво направениот пенал, а притоа не доби ни картон за грубиот фаул при пеналот.

- Оглас -

Најнови вести