Најден доказ дека Меси го победил Ван Дајк за „Златната топка“ (Фото)

Лионел Меси ќе биде прогласен за „Златна топка“ во изборот на „Франс фудбал“, а потврда на оваа информација доаѓа од Франција, каде се појави фотографија од табелата со поените на десетте најдобри фудбалери на светот за 2019 година.

Иако многумина го фаворизираат Холанѓанецот Вирџил Ван Дајк од Ливерпул, сепак првото место најверојатно ќе му припадне на Аргентинецот Меси од Барселона. Официјалната церемонија на прогласување на најдобриот, ќе се случи утревечер.

Според оваа листа која е фотографирана, Меси добил 446 гласови и победил пред Ван Дајк кој има 382. Трети е Мохамед Салах, а Кристијано Роналдо е дури четврти. И Роналдо ја знае оваа информација, па затоа најави дека нема да се појави на церемонијата.

 

- Оглас -

Најнови вести