Најџел Пирсон: Ќе се извинувам по секој меч само Ватфорд да победува

Најџел Пирсон успешно ја остварува почетната мисија во Ватфорд и успеа за кус период да го стабилизира клубот, кој почна и да победува. И има интересна изјава, откако денеска му се извини на Натаниел Шалоба, за измената што мораше да ја направи во 60. минута.

Шалоба играше само 14 минута, бидејќи влезе во игра на самиот почеток од вториот дел, но мораше експресно назад, односно надвор од терен по исклучувањето на Маријапа.

Пирсон одлучи да го смени Шалоба, а потоа му се извини по големиот триумф на Ватфорд од 3:0.

„Натаниел е одличен човек и фудбалски професионалец. Му се извинувам и сега, а тоа го сторив и пред сите играчи во соблекувалната. Морав да направам рокада, откако останавме со играч помалку, а за жал настрада Шалоба. Јас ако треба секој меч ќе се извинувам, само Ватфорд да победува“, изјави Пирсон.

Со него на кормилото на 4 меча Ватфорд има два победи, и по едно реми и пораз, а интересно е дека во претходните 16 кола Хорнетс само еднаш победија, што значи дека Пирсон има повеќе победи од своите двајца претходници заедно.

- Оглас -

Најнови вести