Најдобра можна вест за Јужна Кореја: Ѕвездата на Тотенхем ќе игра на СП!

Најдобриот корејски фудбалер Сон Хеунг-мин на „Инстаграм“ потврди дека ќе игра на Светското првенство во Катар. Тој вели дека за ништо на светот не би го пропуштил настанот и дека едвај чека да заигра за националниот тим на својата земја.

Сон на дуелот со Марсеј се здоби со многу непријатна повреда на левото око, па не се знаеше дали ќе може да игра. Јужна Кореја е во група со Португалија, Уругвај и Гана, и Сон секако ќе им треба во составот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести