Најдобра во слалом, велеслалом и суперџи, тоа е Шифрин

Микаела Шифрин со победата на велеслаломот во Андора, го потврди испишувањето на нова страница во историјата на Светскиот куп во алпско скијање, и стана првата која освен тоа што го освоила Светскиот куп, ги освоила малите кристални глобуси во три различни дисциплини.

Феноменалната Американка сезонава не беше најдобра само во спуст. Доминираше во слалом, а беше најдобра и во велеслалом и супер-џи. Таа сезонава извојува 17 победи, и сега во кариерата има 60 победи на трки од СК. Рекордерот Ингемар Стенмарк има 86 триумфи, и тој рекорд ќе биде целта која ќе сака да ја надмине 24-годишната Шифрин во следните сезони.

Денеска второто место на велеслаломот во Солдеу го освои 17-годишната Алис Робинсон од Нов Зеланд, и најави дека можеби следната година таа ќе биде сензација и ќе се вмеша во борба со најдобрите. Трета беше Петра Влхова, кој е втората најдобра скијачка на светот.

- Оглас -

Најнови вести