Најдобрата гимнастичарка во светот се повлече додека траеше финалето, па нејзината репрезентација остана без златото

Руската гимнастичарска селекција го освои златото на ЛОИ во Токио, додека првиот фаворит САД заврши на второто место. Клучен момент на финалето беше неочекуваното повлекување од натпреварите на најдобрата светска гимнастичарка Симоне Билс.

Американката се повлече по првата рунда од финалето, па Русинките ја искористија шансата да стигнат до златото за првпат по 10 години. На Игрите во Рио де Жанеиро Билс имаше освоено четири златни медали и еден бронзен, беше една од главните ѕвезди на ЛОИ во Токио, но мораше да се повлече, како што се вели, поради „медицински проблеми“.

„Таа е човечко суштество, чувствува болка како и сите ние. Кога ја видов со докторите, срцето ми застана. Навистина бев шокирана“, рече нејзината колешка од репрезентацијата Али Рејсман.

На крајот, Русија го освои златот, среброто заврши на градите на Американките, а бронзата ја освои Велика Британија. За Британија ова е прв медал на ЛОИ во гимнастика, по дури 93 години.

https://twitter.com/i/status/1420008177542701063

- Оглас -

Најнови вести