Најдобриот дански ракометар на сите времиња замина на боледување, неговиот поранешен тим вечерва игра против Дибиров во ЛШ

Микел Хансен, најдобриот дански ракометар на сите времиња, одлучи да го напушти ракометот поради модерната болест на денешницата, стресот.

Хансен одлучи да се повлече од ракометот на неодредено време, но медиумите во Данска се прашуваат дали тој воопшто ќе се врати.

„Во договор со неговото потесно семејство, лекарите и ракометниот клуб Алборг, Микел Хансен денеска се јави со симптоми на стрес. Ова доаѓа како реакција на тешката година за Микел“, изјави директорот на Алборг, Јан Ларсен.

Стресот е болест на новото време, сè повеќе познати спортисти, актери и други ѕвезди страдаат од оваа болест поради напорниот начин на живот и големиот притисок со кој се соочуваат.

Хансен во август минатата година се врати во данскиот шампионат, во екипата на Алборг откако повеќе од една деценија играше во најсилните европски лиги.
Минатиот месец, Данска со Хансен третпат по ред го освои златото на Светското првенство откако во финалето во Стокхолм ја совлада Франција со 34:29.

Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите и ќе игра еден тим чиј дрес го носеше Хансен, ПСЖ. Светците му гостуваат на ППД Загреб и се апсолутни фаворити, додека Веспрем го пречекува ГОГ Гудме, а Порто и Никола Митревски пред своите гледачи ќе играат против Динамо Букурешт.

- Оглас -

Најнови вести