Најдобриот гол вечерва во Лигата на Европа е постигнат по грешка (Видео)

Хари Винкс е стрелец на најубавиот погодок вечерва во мечевите од Лигата на Европа. Фудбалерот на Тотенхем ги изненади сите, па и самиот себе кога виде дека погоди од речиси 50 метри.

Беше аут за Тотенхем кога топката дојде до Винкс. Сакајќи да испрати центаршут кон Герет Бејл, ударот на Винкс беше непрецизен кон својот соиграч, но хируршки прецизен, директно во голот на Лудогорец.

- Оглас -

Најнови вести