Најдобриот македонски „доташ“ доби нов газда – Вирџил ван Дајк!

Вирџил ван Дајк, ѕвездата на Ливерпул, купи акции во е-спорт клубот Тундра, чијшто член е најдобриот македонски „доташ“, Мартин „Сакса“ Саздов. Воедно холандскиот стопер ќе биде и амбасадор на тимот кој се натпреварува во три различни е-спорт сфери – ДОТА 2, ФИФА и Фортнајт.

Финансиската поддршка од Ван Дајк треба да биде мотив за Сакса и неговите соиграчи од Тундра да се потрудат да триумфираат на претстојниот турнир The International, односно Светското првенство во ДОТА 2, кое стартува на 8 октомври.

Турнирот на мегапопуларната видеоигра има најголем награден фонд во историјата на е-спорт индустријата, оваа година ќе достигне вкупно 45 милиони долари.

Инаку, Сакса во 2016 година веќе играше едно финале на споменатиот турнир. Со тогашниот тим Диџитал Кејос загуби со 3-1 во партии од Вингс, но и како второпласиран тимот на Сакса освои 3,4 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести