Најдобриот македонски одбојкар претставен како големо засилување за Инегол (Фото)

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев денеска официјално беше промовиран како нов играч на неговиот нов клуб Инегол Беледијеспор. Договорот е на една година. Во минатата сезона Ѓорѓиев играше во германскиот Фридрихсхафен, а со преминот во Инегол, Никола се враќа во турската одбојка, каде што беше од 2011 до 2014 година, тогаш во дресот на клубот Спор Тото.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за прекрасниот дочек, како и на претседателот за вложениот напор за да ме доведе во Инегол. Среќен сум што сум овде. Од првиот ден сум прифатен како дел од семејството и верувам дека заедно ќе постигнеме добри резултати во новата сезона. Инегол со право има високи амбиции, бидејќи има одлични одбојкари и врвен тренер. Се надевам дека кризата со корона-вирусот наскоро ќе заврши и ќе можеме заеднички да се радуваме на победите“, изјави Ѓоргиев.

 

- Оглас -

Најнови вести