Најдобриот на сите времиња со цигарче чека автобус, а неколку часа подоцна заработи 250.000 фунти (Видео)

Најдобриот и најпопуларен снукер играч на сите времиња, легендата Рони О‘Саливен денеска полни 48 години, а се појави едно видео од неделата, во кое се гледа дека Англичанецот иако е финансиски богат (има освоено 35 милиони фунти само од играње на турнири), тој е и скромен човек од народот и често користи градски превоз.

Само неколку часа пред да го освои Отвореното првенство на Обединетото кралство, кој е еден од трите најсилни снукер турнири на светот, беше снимен на автобуска постојка во градот Јорк како чека автобус со цигара во рака.

Фанот на Рони се пофали со снимка на „Тик-Ток“ и доби многу позитивни коментари.

„Погледнете со кого стојам тука. Мојот Рони О‘Саливен, ѕвезда. Благословено момче, легендарен првак во снукер. Стојам покрај него, не можам да поверувам дека те сретнав тука. Со среќа“, коментираше возбудениот навивач.

@kingkongkhokar

♬ original sound – KKk

- Оглас -

Најнови вести