Најдобриот на сите времиња, Том Брејди!

Том Брејди без дилеми е најдобриот играч во историјата на НФЛ. На свои 43 години докажа дека годините се само бројка, па во своето 10-то Супербол-финале ја освои седмата титула, односно по петти пат беше МВП на финалето во победата на Тампа беј баканирс со 31:9 над Канзас сити чифс.

https://twitter.com/Buccaneers/status/1358626540746113024

Изминатото лето Брејди за првпат во својата 20-годишна кариера ја смени средината напуштајќи го тимот на Њу Ингланд пејтриотс, меѓутоа не ги смени навиките. Неприкосновениот квотербек ги одеведе Баканирс до борба само за втора титула во историјата на франшизата и успеа да направи шампион од оваа екипа.

Финалето го заврши со префрлени 201 јард само со осум неуспешни додавања, односно приреди три точни додавања за тачдаун.

„Горд сум на овие момци за сè што постигнавме. Имавме тежок период во текот на сезоната, меѓутоа со вербата на тренерот Аријанс екипата се движеше напред со многу самодоверба. Мислам дека сите знаевме што ќе се случи вечерва, зарем не? Одигравме најдобро што можевме за да го оствариме овој голем успех“, порача Брејди по освојувањето на својата седма титула во кариерата.

За крај, Брејди порача дека нема да застане тука, туку дека следната сезона ќе се врати да го брани тронот.

Веднаш стигнаа честитки и од франшизата со која Брејди освои шест прстени, Њу Ингланд потврди дека Том е најдобриот на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести