Најдобриот поентер во НБА повторно на паркетот

Џејмс Харден од вчера се приклучи на тренинзите на екипата на Хјустон рокетс откако претходниве денови дури шестпати беше тестиран за ковид-19. Брадата претходно побара да биде продаден, односно бара нов клуб со кој би атакувал на титула во најсилната кошаркарска лига во светот.

Но, додека чека, Харден нема да седи со скрстени раце, туку се подготвува за новата сезона, а најавено е дека вечерва ќе се појави на паркетот во подготвителниот натпревар на Хјустон против Сан Антонио спарс.

Според шпекулациите кои доаѓаат од САД, Харден преферира трејд во Мајами или Бруклин, а и Филаделфија е кандидат за потписот на најдобриот поентер во НБА во изминативе три сезони.

- Оглас -

Најнови вести