Најдобриот прогнозер се поднови со уште еден прекрасен Самсунг ТВ и порача: На Спортска прогноза може само да се добие!

Христијан Тренчевски вторпат од вкупно четири сезони на Спортска прогноза се покажа како најдобар прогнозер во Генералниот пласман, за што беше награден со Самсунг 4К 50инчен смарт телевизор.

Прогнозерот од Пехчево со 250 бода ја одбрани лидерската позиција на која стоеше доста долг период, заврши со еден бод повеќе од второпласираниот Саша, па така уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите прогнозери во бесплатната игра на Sport Life и Sport Manija.

Иако само еднаш имаше 10 погодени парови и тоа во четвртото коло, конзитентноста на Христијан да прогнозира редовно му се исплати, и тоа по вторпат.

„Учествувам на Спортска прогноза уште од самиот почеток, а веќе во втората сезона го освоив првото место во Генералниот пласман. И тогаш добив награда ТВ, па ова веќе ми е познато“, вели Христијан.

Христијан е верен типувач во најдобрата обложувалница во Македонија, доказ за тоа се и 100.000 денари наградата за најдобар типстер за месец септември минатата година во Типстер купот.

„Настојувам да пишам барем едно ливче секој ден. Не играм за големи добивки, целам пониски суми со посигурни типови, и засега тоа ми се покажа како добитна комбинација“, додаде Тренчевски, па им испрати порака на сите останати љубители на обложувањето, да се приклучат на бесплатната игра Спортска прогноза.

„Спортска прогноза е бесплатна за сите, така што секој треба да си ја проба среќата и воедно да покаже колку разбира фудбал. Нема што да загубат, може само да добијат. Еве јас учествувам секоја сезона и досега двапати победив. Можеби од следната сезона ќе има друга награда за прво место, па ќе биде поинтересно за играње“, заврши најдобриот прогнозер.

Петтата сезона на Спортска прогноза ќе стартува заедно со фудбалските топ 5 лиги во Европа.

- Оглас -

Најнови вести