Најдобриот шутер на сите времиња ја прекина неверојатната серија која траеше пет години

Бекот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, во победата на неговиот тим од 118:114 над Портланд треилблејзерс прекина неверојатна серија која траеше дури пет години.

Кари мечот го заврши со само седум постигнати поени и ги промаши сите осум шута за три поени со што застана на 268 натпревари по ред на кои постигнувал барем една тројка.

Последниот меч од регуларен дел од сезоната на кој не постигнал тројка му беше на осми ноември 2018 година против Милвоки.

- Оглас -

Најнови вести