Најдобриот стрелец од МЛС лигата доаѓа на „Камп ноу“?

Карлос Вела, ѕвездата на Лос Анџелес и најефикасниот фудбалер во изминатата сезона во МЛС-лигата, во јануарскиот преоден рок очекува понуда од големата Барселона. Ова го тврди неговиот сонародник Џонатан дос Сантос, кој своевремено се усовршуваше во „Ла Масија“.

Дос Сантос вели дека Вела повторно има прилика да го облече дресот на шпанскиот првак откако еднаш испушти таква можност на почетокот од 2019 година. Барса во последниот зимски преоден рок достави понуда да го позајми Вела на една полусезона, со опција за откуп, но тој евентуален трансфер пропадна.

„Моментално сме на одмор и не контактираме често. Но, според она што последно го дознав, Карлос на масата има понуда од Барселона, но не знам дали ќе ја прифати. Знам дека е среќен во Лос Анџелес и дека одлично му оди во МЛС-лигата, но ваква прилика не смее да пропушти“, истакна Дос Сантос.

Своевремено, и самиот Вела говореше дека ќе му биде чест да дели соблекувална со Лионел Меси. Мексиканецот зад себе остави фантастична сезона во САД, со 38 гола и 12 асистенции на 36 меча се истакна како најдобар во првенството, дури успеа да го засени Златан Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести