Најдобриот стрелец во НБА лигата го пропушта остатокот од сезоната!?

Екипата на Филаделфија 76 најверојатно до крајот на сезоната ќе мора да игра без својот најдобар играч, Џоел Ембид. Центарот на „76-ките“ се повреди на дуелот против Голден Стејт, кога настрада неговото лево колено.

По направените дополнителни лекарски прегледи било констатирано дека има повреда на менискусот на коленото, повреда која дава две опции, а тоа е или да има долго мирување или да се оди на операција.

Од Филаделфија уште немаат официјално објавено дека го имаат загубено најдобриот играч до крајот на сезоната, но американските медиуми тоа веќе го најавија.

Филаделфија сезонава игра добро и во досегашните 48 меча е со биланс од 30 победи и 18 порази, а Ембед е со просек од неверојанти 35,3 поени по меч, а има и просек од 11,3 скока и 5,7 асистенции на средба.

- Оглас -

Најнови вести