Најдобриот стрелец во првенството како награда доби неколку табли со јајца (Видео)

Во фудбалот не е ретко да биде награден играчот кој бил најдобар на теренот, но тие подароци често знаат да бидат многу необични. Во Замбија, тимот на Пауер Динамос е лидер на табелата со 37 бода од 19 одиграни меча.

Најзаслужен за челната позиција на овој тим во првенството е Кенеди Мусонда, кој досега постигна 10 гола. Овој 28-годишен напаѓач има само еден настап за репрезентацијата на Замбија, а за добрата игра во првенството доби неколку табли со јајца.

Со оваа награда која ја доби, Мусонда стекна светска популарност.

- Оглас -

Најнови вести