Најдобриот типстер во април навива за Барселона а токму омилениот клуб му донесе 100.000 денари

Ивица Гулев од Скопје е најдобриот типстер за април и со тоа си доби 100.000 денари од предизвикот направен од Sport Life.

Тој имаше 14 добитни тикети, исто колку и Здравко Н., но на крајот имаше 218.62 типстер бодови, додека второпласираниот, кој што си освои 30 илјади денари, на крајот заврши со 197 бодови.

„За ова натпреварување во организација на Sport Life, ги играв сите најпопуларни спортови. Гледав да биде над 1.50 коефициент, а од НБА лигата ги играв дополнителните граници, само за да ги исполнам барањата.

Од фудбалот најчесто ги играм најсилните лиги, каде што барам победа на еден од фаворитите, проследено со тоа да има од два до пет, или од три до шест погодоци“ започнува Гулев.

На треттото место во генералниот пласман заврши Дарко М. кој имаше 11 добитни тикети и со тоа стана побогат за 20 илјади денари.

НАВИВА ЗА БАРСА, А КАТАЛОНЦИТЕ СО ЕДНА ПОБЕДА МУ ДОНЕСОА ТРИ ДОБИВКИ

Особено е убаво чувството кога за тимот што навиваш, да ти донесе добивка на тикет, а тоа најдобро го знае токму Ивица.

„Навивам за Барселона а интересно е тоа што токму овој тим ми донесе три добитни тикети со што, практично дојдов до самиот врв.

Барса на средбата против Мајорка победи со 2:1, а на првиот тикет ја чекав победа и од два до шест голови, на вториот ја имав кец и 3+, додека, пак, на третиот исто така типував победа, но и да има еден гол во второ полувреме.

За среќа, испаднаа сите три тикети, што навистина ми беше драго“.

ВО ФОКУСОТ Е САМО ФУДБАЛОТ

„Само за ова натпреварување на Sport Life, ги играв останатите спортови, а генерално најомилен ми е фудбалот за обложување. Пониските лиги речиси и да не ги играм, освен тие каде што има голови, а тоа се вторите лиги во Германија и Холандија.

За типстер на месецот си имав и своја ‘шема’ за НХЛ лигата, каде што треба да се следат тимовите навистина детално и мора да се биде многу внимателен“ се завршните зборови на најдобриот типстер за април.

- Оглас -

Најнови вести