Најдобрите од Виртуелен селектор на Sport Life си добија телевизори „сони“

Ласте Ивановски и Јовица Трифунов се двајцата шампиони во играта Виртуелен селектор на Sport Life обложувалници. Ивановски го состави најдобриот тим во англиската Премиер лига, додека Труфунов се покажа како одличен стратег кога е во прашање италијанската Серија А. За својата умешност, двајцата се подновија со телевизор „сони“ од 125 сантиметри. И Ласте и Јовица се редовни играчи во обложувалниците, но постојано ги следат и ги играат и сите останати игри кои ги приредуваат во Sport Life.

„Навивач сум на Ливерпул, па затоа и капитен на тимот ми е Садио Мане. Интересно е што мојот тим го направив дури откако беа одиграни три кола од Виртуелен селектор, но ете повторно успеав да бидам најдобар на крајот. Секое следно коло ги поминував ривалите и на крајот успеав да завршам како прв. Постојано ги следам и ги играм сите новитети кои ги нуди Sport Life. Најчесто се обложувам на фудбал, но знам да направим и тикети од сите останати спортови, па дури и бејзбол“, вели Ивановски, кој често знае да направи ливче со одлична добивка.

Шампионсиот тим на Ивановски во Премиер лигата е составен од: Едерсон, Ван Дајк, Колман, Компани, Алонсо, Силва, Декур, Вајналдум, Брукс, Мане (капитен) и Митровиќ. Тренер: Јирген Клоп

ТРИФУНОВ ЗНАЕШЕ ДЕКА РОНАЛДО „ЌЕ ГАЗИ“, НО ГО ПОГОДИ И БЛЕСОКОТ НА ПЈОНТЕК

Јовица, кој живее во Радишани, вели дека нема омилен тим во италијанската Серија А, но секогаш е расположен да гледа добар фудбал. Најчесто се обложува на фудбалски мечеви, а предизвик му е да погодува на голови. Една од омилените игри му е 1-2 прво полувреме, 1-2 второ полувреме. Што се однесува до Виртуелниот селектор, уште од стартот бил најдобар, па така и завршил.

„Од почетокот на Виртуелниот селектор бев прв и така беше неколку месеци. Потоа паднав на второ, па и на трето место, но, за среќа, на крајот повторно се вратив на врвот. Кристијано Роналдо ми беше капитен, а Пјонтек го ставив во тим бидејќи не чинеше многу пари, а се покажа како одличен потег. Редовно играм во Sport Life, тоа е моето омилено место за обложување. Одлична е екипата која работи во објектот на Sport Life во Радишани и сакам посебно да ги поздравам. Играм секој ден, тоа е еден вид занимација, но и можност да се добие солидна сума пари“, вели Трифунов.

Во шампионскиот тим од Серија А има место за: Шченсни, Марушиќ, Миранда, Кјелини, Касерес, Зјелински, Руиз, Бенаси, Пашалиќ, Пјонтек, Роналдо (капитен). Тренер: Масимилијано Алегри.

Ова е последна сезона на Виртуелен Селектор во Sport Life, а сите играчи може да очекуваат нови игри со почетокот на новата сезона во најсилните лиги во Европа.

- Оглас -

Најнови вести