Најдобрите одбрани во Италија ќе бидат нападнати од Чиро и „Лу-Ла“

Дербито на Серија А помеѓу Лацио и Интер може да биде еден од клучните во битката за титулата во Италија, притисокот и од трибините ќе биде голем, очекувањата се големи. Римјаните и миланезите се тимови со најмалку примени голови, само по 20 во 23 кола, Лацио има дадено пет гола повеќе.

Но, тоа што просечно примаат помалку од еден гол по меч, не значи дека сигурно дуелот ќе заврши со малку голови. Офанзивниот потенцијал на Лацио е голем, го имаат водечкиот во трката за Златната копачка во Европа, Чиро Имобиле, додека во Интер чекаат голови од тандемот Ромелу Лукаку-Лаутаро Мартинес.

Во Лацио се изненадени што се во трката за титулата.

„Чудно ми е што сме во трката за титулата, но од друга страна, пријатно е чувството. Јувентус со години е пред останатите според инвестициите, идеите, планирањето,  си направија сопствен стадион, заслужуваат успеси. На хартија, Јувентус, Интер, Милан и Рома треба да бидат пред нас бидејќи располагаат со повеќе пари, но фудбалот не е само пари“ – вели тренерот Симоне Инѕаги.

Денеска родендени слават Годин и Ранокија од Интер, Уругваецот би требало да биде стартер. И во Јувентус со интерес ќе го гледаат дербито во Рим, но Старата дама ако сака колото да го заврши на прво место, освен тоа што ќе навива за реми на „Олимпико“, прво мора да ја заврши домашната задача и да ја победи Бреша, и тоа без Кристијано Роналдо, па останатите ѕвезди на Јуве се на потег.

- Оглас -

Најнови вести