Најдраматичниот плејоф за СП: Дадоа гол во 118 минута што ги носеше во Катар, а потоа се случи шок во 124 минута (Видео)

Македонија може да жали што не успеа да се избори за место на Светското првенство во Катар, но тоа што му се случи на Алжир е спортска драма и несреќа за нив, но од друга страна, среќа за Камерун.

Алжир на првиот меч на гости кај Камерун победи со 1:0, но синоќа на домашен терен по 90 минути игра, Камерун беше тој што имаше предност од 1:0 со голот на Чупо Мотинг, па мораа да се играат продолженија.

Домаќините напаѓаа и успеаа да постигнат гол за 1:1 во 118-тата минута, кој значеше дека тие ќе играат на Светското првенство во Катар. Но, делириумот на стадионот само за неколку минути се претвори во молк и неверување затоа што Камерун даде гол во 120+4 минута и на крајот победи со 2:1 и се пласира на Мундијалот.

Алжирските фудбалери во немоќ лежеа по теренот, а на селекторот дури и му се слоши поради шокот и примениот гол.

Од друга страна, Камерунците бескрајно славеа, а меѓу нив беше и легендарниот Самуел Ето.

Синоќа во Африка се одиграа петте реванш бараж-дуели и се дознаа сите патници за во Катар. Покрај Камерун, на планетарниот собир ќе бидат и Гана, Сенегал, Тунис и Мароко.

Целата драма од мечот во Алжир може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести