Најдрска кражба на време во историјата, фудбалерот можеби заслужи и исклучување (Видео)

Екипата на Њу Ингланд револушн победи со 1-0 на дуелот со Филаделфија јунион во американската МЛС лига, а оваа средба ќе остане во сеќавање на неспортскиот потег на играчот Хенри Кеслер кој предизвика мешаница на терен и инцидент откако постапи некоректно, со намера да краде време.

Кеслер во 94-тата минута, не можеше да ја стигне топката, па силно ја шутна во трибините. Тука пред него имаше резервна топка, и тој не им дозволи на играчите на Филаделфија на кои им се брзаше, да ја земат топката и веднаш да почнат акција, туку ја зеде во рака и силно ја фрли кон трибините.

- Оглас -

Најнови вести