Најефикасниот дефанзивец во Серија А го реши дербито и донесе славје на Јуве (Видео)

Јувентус го доби дербито на Серија А против Наполи со 1-0, па Старата дама барем привремено се искачи на првото место и сега има 12 бода повеќе од актуелниот првак кој е во криза и има три порази во последните четири кола.

Стрелец на единствениот гол беше Федерико Гати кој со три гола е најефикасниот одбранбен играч во Серија А сезонава.

Наполи првпат после седум години има три порази по ред во сите натпреварувања.

Елиф Елмас ги играше последните 30-тина минути од мечот. Наполи имаше една убава шанса при 0-0 кога Квацархелија можеше да донесе поинаков тек на средбата, но неговиот лоб беше непрецизен, а во вториот дел Осимен даде гол после киксот на Шчесни, но судиите го поништија поради офсајд.

- Оглас -

Најнови вести