Најефтин на светот, а гази: за него никогаш не е платена отштета, сезонава ги дочека своите пет минути

Камерунскиот напаѓач Ерик Максим Чупо Мотинг, може да се нарече најефтин фудбалер на светот, бидејќи за него никогаш не е платена отштета, секогаш кога одеше од еден во друг клуб, заминуваше како слободен играч.

Така беше и пред три години кога од ПСЖ се пресели во Баерн. Парижаните сега можеби жалат што се откажаа од него, бидејќи Камерунецот по преселбата во Германија, им има дадено три гола.

По заминувањето на Роберт Левандовски, а придонесе и повредата на Садио Мане, Чупо Мотинг е прва опција на Баерн во шпицот на нападот и одлично ја користи шансата. Има дадено 17 голови сезонава, прв стрелец е во тимот.

- Оглас -

Најнови вести